Ново партнерство

25.05.2018

Соработка со Францускиот Институт

Сакаме да Ве известиме дека во текот на оваа недела, нашето училиште ја прошири надворешната соработка со уште една научна институција – Францускиот институт во Скопје.

Со ова ново партнерство, Францускиот институт станува уште еден од низата едукативни центри, меѓу кои Британскиот центар како и Центарот за странски јазици „Илиеви“, со кои ја имаме привилегијата и сме почестени да соработуваме.

Горди сме што веќе неколку наши студенти се пријавија да ги полагаат меѓународните дипломи во Францускиот институт. Се надеваме дека ова ново партнерство ќе послужи како поттик и ќе ја отвори вратата кон светот на франкофонијата.

Срдечно,

Филос

FacebooktwitterpinterestlinkedinFacebooktwitterpinterestlinkedin