Wizz Air Marathon, мај 2019

Драги ученици и родители,

Со задоволство Ве известуваме дека училиштето за странски јазици „Филос“ и оваа година учествуваше на најмасовниот спортски настан во Македонија – Виз Ер Скопскиот маратон. Со ова, нашите професори, на рекреативната трка од 5 километри дадоа поддршка на овој вид на спортски настани кои претставуваат еден симбол за мир, толеранција, заемно разбирање и образование – вредности за коишто се залага и коишто се во сржта на училиштето „Филос“. Со ова учество се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста кај нашите ученици за подобрување на здравиот начин на живот и значењето на истиот.

Keep calm, study and run with Filos

[rl_gallery id=”1058″]