Летен одмор

16.06.2021

До сите наши ученици и родители,

Сакаме да ја искористиме оваа прилика да ви се заблагодариме за вашата неизмерна поддршка и пожртвуваност. Изминаа две години откако се префрливме на онлајн-настава, а вие не престанавте да ги полните нашите виртуелни училници со радост и смеа.

Учевте на училиште, учевте во Филос на курс. Учевте во училница и од дома. Учевте во карантин, а учевте и за викенди кога требаше да се надокнадат часови. Не престанавте да учите и да се надоградувате.Секоја ви чест за сево ова!

Ние имаме само едно големо БЛАГОДАРАМ зашто неизмерно сме ви во долг.

Ви благодариме што ни овозможивте да бидеме учители и во оваа тешка пандемична година. Бидејќи учебната година ни заврши, сакаме да ве известиме дека доделувањето на дипломите ќе се одвива на 15ти,16ти и 17ти јуни во нашите простории. За подетални информации контактирајте ги вашите професори.Голема пофалба за вложениот труд!

Ви посакуваме убаво и безбедно лето.

Срдечно, Филос

FacebooktwitterpinterestlinkedinFacebooktwitterpinterestlinkedin