ENGLISH PLUS STARTER

English Plus Starter програмата e наменета за слушатели (ученици од четврто и петто одделение) кои за прв пат се среќаваат со посуштинско изучување на англискиот јазик.

Во оваа програма константно е вклучено активното совладување на јазикот преку различни, интересни теми од секојдневието, претставени низ шест тематски единици, како и воведен дел. Добрата организација на содржината овозможува развој на четирите главни вештини (читање, пишување, зборување и слушање).

Крајот на секоја лекција е проследен со проверка на знаењето како и дополнителни вежби и игри за вештините стекнати во таа лекција.

Главни карактеристики:

  • Учење на текстови од секојдневниот живот
  • Практично совладување на граматичкиот дел
  • Развој на вокабуларот преку различни вежби кои дополнително го поттикнуваат ученикот за полесно совладување на истиот
  • Стимулативни вежби и игри за слушање и пишување
  • Дополнителни екстра активности (проекти; запознавање на англиската култура и традиција; слушање, учење и обработка на англиски песни; итн.)
  • Изучувањето на програмата е проследено со аудио CD и работна тетратка

English Plus

Одговорете на следните 15 прашања.