Show and Tell

Show and Tell е програма наменета за слушатели на англискиот јазик на претшколска возраст. Активностите кои се во склоп на програмата се наменети да ја разбудат љубопитноста кај младите слушатели преку интерактивна настава, изработка на активности, песни и многу други проекти. Целта на програмата пред сè е да ги научи младите слушатели како да се однесуваат во, но и надвор од училиштето.

Учебниците се исполнети со приказни, активности за рано развивање на моториката и вежби за формирање на букви од азбуката кои би довеле до препознавање на одредени термини за понатамошно олеснето читање и пишување. Активности кои имаат за цел решавање на одредени задачи и предизвици ги поттикнуваат слушателите да размислуваат креативно и самостојно.

Главни карактеристики:

  • Уникатна методологија која презентира сооднос на избрана граматика и техники со пристапот кој е основан на учење преку зголемување на интересот кај слушателите.
  • Основа на секоја лекција се прашања кои се поврзани со случувања од секојдневниот живот на децата, со цел темите да не звучат апстрактно.
  • Диск за секој слушател со песни, интерактивни игри и анимирани приказни кои децата ќе можат да ги работат и дома.
  • Анимирани видео приказни кои ќе ги оживеат ликовите од книгите.
  • Вежби на крајот од секоја лекција кои им овозможуваат на децата да презентираат проекти на час, на тој начин прикажувајќи што имаат совладано од материјалот.
  • Постери и картички преку кои децата полесно ќе ги усвојуваат новите содржини и ќе уживаат во зададените активности.
  • Програмата исто така нуди дополнителни вежби и активности за броење и пишување.