SUEÑA

SUEÑA е комплетен курс за изучување на шпанскиот јазик во четири нивоа и е наменет за млади и возрасни. Секое ниво содржи учебник и работна тетратка. Целосната програма на граматичката и лингвистичка содржина гарантира напредок во сите 4 вештини (читање, пишување, слушање и зборување) според заедничката европска референтна рамка за јазици. Учениците се здобиваат со способност да реагираат во секоја говорна ситуација, како и со знаења од Шпанската и Латиноамериканската цивилизација и култура.

SUEÑA 1 е наменет за ученици кои за прв пат се среќаваат со шпанскиот јазик и соодветствува на нивоата А1 и А2 според европската рамка за јазици.

SUEÑA е наменет за ученици кои имаат основни познавања од шпанскиот јазик и соодветствува на нивото Б1.

SUEÑA е наменет за ученици кои веќе имаат добри познавања од шпанскиот јазик, но сè уште имаат потреба да го прошират лексичкиот фонд и владеењето на некои покомплексни граматички конструкции и употреби. Учебникот соодветствува на нивото Б2.

SUEÑA е наменет за ученици со високо познавање на шпанскиот јазик и соодветствува на нивото Ц1.

Главни карактеристики:

  • Секој учебник се состои од 10 лекции, секоја од нив поделена на два дела
  • Лексичките и граматички содржини се обработуваат заедно, а подоцна се вежбаат преку најразлични вежби и на тој начин се развиваат четирите вештини. Учебниците од второто, третото и четвртото ниво се надополнети со делови за слушање и пишување
  • Секој дел завршува со граматичко резиме, каде што се повторува накратко обработениот материјал
  • После секоја лекција следува делот „На наш начин“ каде што се изучуваат Шпанската и Латиноамериканската цивилизација и култура, како и дел за повторување
  • На крајот од секој учебник има речник со новоизучените зборови преведен на англиски, француски, германски, италијански и португалски

Sueña 1

Одговорете на следните 15 прашања.


Sueña 2

Одговорете на следните 15 прашања.


Sueña 3

Одговорете на следните 15 прашања.