Почитувани,
Би сакале да Ве известиме дека училиштето за странски јазици „Филос“ внимателно ги следи препораките и мерките кои се предлагаат и преземаат од страна на надлежните авторитети во врска со состојбата предизвикана од вирусот COVID -19. Во насока на ублажување на последиците од подолгиот прекин на наставата и можноста за амортизирање на истите, следејќи ги препораките на Владата за држење на online настава. Ве известуваме дека и ние ја поддржуваме и се приклучуваме кон оваа инцијатива. Училиштето за странски јазици „Филос“ ќе продолжи со настава преку изведување на online часови од 23.03 (понеделник) и ќе трае се до нормализирање на севкупниот процес во училиштата. За подетални информации во врска со online наставата ќе бидете контактирани од страна на нашите професори.
Се надеваме на добра и успешна соработка.
Со почит,
Филос