On Screen 3
On Screen 3 програмата претставува изучување на англискиот јазик за ученици од Б1 ниво според CEFR (заедничка европска референтна рамка за јазиците).
Вклучува:
- Учебник
- Работна тетратка со граматика
- Аудио
Оваа програма комбинира активно изучување на англискиот јазик преку разновидни и живописни теми коишто се прикажани во тематски единици. Секоја тематска единица е добро организирана и поделена на делови коишто овозможуваат развој на четирите основни вештини (читање, пишување, слушање и зборување).
На крај на секоја тема има вежби и тестови за проверка на здобиеното знаење.
Главни карактеристики :
- Соодветен пристап за развојот на сите четири јазични вештини
- Претставување на нов вокабулар и негова примена
- Различни вежби поврзани со читање, слушање и зборување
- Активности коишто поттикнуваат критично размислување
- Развивање на вештината за пишување преку примери
- Вежби коишто вклучуваат тимска работа и работа во парови
- Делови коишто се фокусирани на изговор и интонација
- Употреба на самиот јазик (симулации) што ќе ги подготви учениците за негова примена во ситуации надвор од самата училница
- Изучување на АВТЕНТИЧНИ ТЕКСТОВИ од секојдневниот живот