ÇİT 1
Книгата ÇİT 1 е почетен курс за деца од 6 до 9 годишна возраст, во кои преку игра, песна, боење и интересни прикаски, децата имаат прилика доста добро да го совладаат јазикот. Книгата се состои од 8 целини, така што проверката на знаење ќе се извршува на крајот на секоја втора целина.
Со завршување на сите 8 целини, детето треба да:
- Знае да се претстави на турски;
- Ги препознава и изговара буквите од азбуката;
- Ги препознава боите;
- Умее да ги опишува и препознава предметите, животните, местата, деловите од телото на турски;
- Да одговара на поставените прашања користејќи ги правилните граматички форми.