Klasse! (Klett) е современ курс по германски јазик кој се користи во многу европски училишта и е целосно усогласен со Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR).
Во ФИЛОС учениците се подготвуваат за материјалот што го изучуваат во редовната настава. Преку дополнителни објаснувања, вежби и интерактивни активности тие полесно го совладуваат материјалот и стекнуваат сигурност во користењето на германскиот јазик.
Klasse! A1.1 и A1.2
Учениците се запознаваат со основниот вокабулар и граматичките структури и се оспособуваат за едноставна комуникација во секојдневни ситуации. Наставата постепено ги развива сите јазични вештини и води кон ниво A1.
Klasse! A2.1 и A2.2
Во оваа фаза учениците го прошируваат вокабуларот, ги продлабочуваат граматичките структури и стануваат посигурни во усната и писмената комуникација, со цел достигнување на ниво A2.
Главни карактеристики :
- јасна и прегледна структура на лекциите
- комуникативен и интерактивен пристап
- теми блиски до интересите на учениците
- постепено развивање на сите јазични вештини
- современи дигитални и аудио материјали