Доделување завршни дипломи

Драги наши ученици, слушатели и родители,
Успешно ја завршивме и оваа учебна година, во која на наше, а веруваме и Ваше задоволство покажавме уште еднаш дека УЧЕЊЕТО И ПОЗНАВАЊЕТО НА СТРАНСКИ ЈАЗИК Е НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО. Се надеваме дека бевме на висината на нашата задача и дека во септември ќе продолжиме со нови сили во новата учебна година. На прагот на летото само би Ви посакале да уживате во секој миг од него. Среќен и весел распуст!