Известување

Почитувани родители,

Пред сè, се надеваме дека Вие и Вашите најблиски сте во добро здравје. Во ситуација кога состојбата со COVID-19 се менува секојдневно, а Министерството за здравје како и Министерството за образование сè уште го немаат објавено начинот на изведување на училишната настава, ние би сакале да Ве информираме за нашиот план на работа кој ќе соодветствува со протоколите на СЗО и ИЈЗ.

Наставата во Филос ќе се одвива според одлуките на надлежните органи и ќе бидат воведени сите здравствени протоколи и мерки за да се зачува здравјето на нашите ученици и професори.Доколку се враќаме во училниците, ќе воведеме настава во помали групи со соодветнo растојание во која учениците ќе се чувствуваат сигурно. Нашите училници и простории ќе бидат редовно дезинфицирани и ќе се применуваат сите здравствени мерки пред почетокот на наставата како и по завршувањето на истата.

Иако се навестува дека во септември е најавено враќање во училниците, ние подготвивме и втор план кој вклучува далечинска (онлајн) настава.

Овогодишниот метод е малку поразличен и ги исполнува сите педагошки и методолошки норми кои ги бара далечинската настава. Доколку наставата се промени во далечинска, нашите ученици ќе изучуваат странски јазици преку Microsoft платформа која ќе овозможи далеку подобри услови за работа.За таа цел, ние го искористивме овој летен период и се подготвиме и за оваа варијанта, така што нашите професори се веќе доволно обучени за да ги исполнат нормите кои ги бара современата далечинска настава.

Покрај ова, ги изготвуваме и останатите детали од наставата како обезбедувањето на книги за сите ученици но, и делењето на дипломите кое не успеавме целосно да го спроведеме на крајот од минатата учебна година.

Ви стоиме на располагање и за сите прашања и информации можете да се јавите во нашето училиште или да ги контактирате Вашите професори.

Во наредниов период ќе се слушаме и координираме почесто затоа што само со Вашата соработка ќе може да ја спроведеме нареднава учебна година која ќе биде голем предизвик за сите нас. Вашите деца, нашите ученици заслужуваат безбедна и професионална настава која се надеваме дека со Ваша помош и соработка ќе може да ја реализираме.

Во исчекување сме до нашето повторно видување и почетокот на новата учебна година.

Срдечно,

Филос

училиште за странски јазици