Tungjatjeta!

Учебникот Tungjatjeta 1 има за цел на курсистите да им даде основни знаења од албанскиот литературен јазик, да ги оспособи да зборуваат, да пишуваат и да читаат албански.

Учебникот се состои од 13 наставни целини со одбрани теми од секојдневниот живот. Материјалот кој се обработува во овој учебник ги покрива сите аспекти на јазикот и ги спојува во три полиња: теми, јазична функција и граматика. Со различните актуелни теми читателот се збогатува со голем фонд на зборови, јазичната функција на дадените целини дава задоволителни познавања на соодветните изрази поврзани со различни ситуации: запознавање, претставување купување, продавање и сл. Додека граматичкиот дел овозможува говорот да биде точен и во склад со правилата на албанскиот литературен јазик.

Поради практични причини вежбите од работната тетратка се дадени во учебникот после секоја целина и секој учебник се придружува со еден CD диск.

Tungjatjeta 2 е учебник кој се состои од 10 целини, каде во секоја целина се обработува по некое граматичко време, а со многуте примери, текстови и вежби сакаме да постигнеме што полесно и подобро совладување на матерјалот. Исто така има текстови за читање, слушање, приказни со слики, народни поговорки, дијалози, теми за разговор. Во овој учебник детално се обработени минатите времиња кои не беа опфатени во првиот учебник со што би ги оспособиле курсистите да можат да ги раскажуваат правилно настаните и случките од минатото.

На крајот од овој учебник е даден тријазичен речник, македонски албански и англиски со над 2500 збора и е проследен со ЦД диск.

Tungjatjeta 1

Одговорете на следните 15 прашања.

Tungjatjeta 2

Одговорете на следните 15 прашања.