Интензивен курс по шпански јазик

Почитувани,

Во училиштето за странски јазици „Филос“ се воведува нов интензивен курс по шпански јазик кој ќе се води според европската рамка на јазици која одговара на курсевите од А1 до C2 ниво.

Курсот е за возрасни слушатели кои ќе посетуваат настава од 16.09 до 01.02 – 4 месеци, со што се завршува еден степен од курсот по шпански. Наставата се одвива два пати неделно по 100 мин. во просториите на Филос, а цената за истиот изнесува 2500 ден. месечно.

Ваквиот начин на изучување ви овозможува брз напредок во усвојувањето на еден од најпопуларните светски јазици. Зачекорете со Филос поблиску до добивањето на вашата европска диплома по шпански јазик!

Срдечно,

Филос