ЈУНИОР КАМП ВО ИТАЛИЈА

19.02.2020

Организатори:           

“Wonder Sport Camp” Т.А. “HoliYay Travel” & Училиште за странски јазици Филос.

И покрај тоа што тимот на Wonder Sport Camp е докажан лидер во организација на кампови и спортско-рекреативните активности и освен тоа што камповите имаат спортско-рекреативен карактер и ЗАБАВЕН карактер, од сега и со  ЕДУКАТИВЕН карактер. Wonder Sport Camp во соработка со училиштето за странски јазици – Филос, организира ЈУНИОР КАМП  во Италија, наменет за деца од 8 – 14 год возраст, спроведен низ одлична забавна, спортска и едукативна програма, спроведена по најнови методи.

Активности на кампот:

  • Турнир во одбојка на плажа
  • Поздрави го сонцето – Зумба на плажа
  • Учење англиски и италијански на забавен начин
  • Фудбал на плажа
  • Забава на плажа
  • Мал маратон во трчање
  • Караоке
  • Водени лудории (Wipeout)
  • Потрага по богатство и др.
  • Креативни работилници

Активности надвор од кампот:
Факултативни екскурзии:

  • Разглед на Венеција со водич
  • Посета на Постојна Јама

Секој учесник ќе добие диплома за учество, пехари и медали за најдобрите кампери и многу други изненадувања.

Сместување:

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во камп/хотел.

Сместувањето е во 4,5 и 6 креветни соби со сопствено купатило.

Внимание: Според законот на Италија (1.11.2012), туристичка такса се плаќа за првите 6 дена од престојувањето во хотелот и плаќањето се прави директно во хотелот.

 Хотели 1* 2* 3* – 0.5 ЕУР по лице од ден (само за гости постари од 14 год.)

Начин на плаќање:

Партиципација за кампот: Период 11/07 – 19/07/2020 = 389 € по лице

Цената вклучува сместување во камп/хотел со за 6 ноќевања на база полн пансион, појадок – ручек – вечера, трошоци за организација, спортска опрема, програма со спортски и забавни активности, учество на турнирот по одбојка на плажа и професионални тренери.

Цената вклучува и автобуски превоз на релација Скопје – Чесенатико – Скопје

Цената НЕ вклучува: Факултативни излети, патничко осигурување

(Задолжително се вади во агенцијата) и сѐ што не е наведено во програмата.

1 Ден – 11.07 – Македонија

12.00 Состанок со групата во Скопје.

Поаѓање кон Италија преку: Белград, Загреб, Венеција – Чесенатико.

2 Ден – 12.07 – Венеција

Пристигнување во Венеција околу 08.00 ч. Разглед на Венеција до 12. ч и поаѓање кон Чесенатико. Сместување, ручек и одмор во соби. Вечерен состанок и објаснување на правилата на кампот.

2 до 8 ден Wonder Camp / Еден типичен ден на кампот

07.30 Будење

08.00 – 08.30 – Појадок

08.30 – 12.30 – Утрински активности

– Поздрав (химна на кампот) и утрински забавни активности – Плажа и пливање

– Друштвени игри на плажа за градење на лидерство, самодоверба итн.

12.30 – 13.00 – Кратка пауза и подготовка за ручек

13.00 – 13.30 – Ручек

13.30 – 15.00 – Попладневни креативни активности

– крафтинг, фотографирање, цртање, основа на италијански јазик, решавање проблеми, менаџирање со време и поставување на цели итн.

15.00 – 16.00 – Задолжителна пауза во соба, одмор и подготовка за активности

16.00 – 19.00 – Спортски и тимски активности

– Фудбал, Одбојка на плажа, кошарка, тимски игри

19.00 – 19.30 – Вечера

19.30 – 22.00 – Вечерни активности

– Кино, караоке, едукативни и забавни активности, квизови

22.00 – 22.30 – Подготовка за спиење – проверка на сите кампери

Ова е пример за дневна програма.

8 ден – 18.06- Чесенатико – Постојна Јама

Појадок и поаѓање кон Словенија – Постојна Јама. Влез, разглед и подготовка за вечерно патување.

9 ден – 19.06 – Пристигнување во Македонија пред пладне.

Пријавувањето може да биде најдоцна до 15.05.2020

КОНТАКТ и повеќе информации:

Проф: Елида – 077 880 094

Проф: Мартина – 070 829 770