Летен распуст

Драги ученици и почитувани родители,

На уште една учебна година ѝ дојде крајот. Но оваа 2019/20 год. за разлика од другите ги стресе темелите на образованието. Како и кај останатите, нашиот физички пристап кон работата стана виртуелен. Нашите професори во најбрз можен рок успеаја да ја сменат нивната методологија и да се приспособат на виртуелниот образовен свет.

Кредата и таблата ги заменивме со онлајн алатките преку кои го продолживме изучувањето на странските јазици. Многу жртвувавме и се прилагодувавме, како ние така и вие. Но и покрај сите пречки успеавме за создадеме идеална виртуелна училница во која образованието се одвиваше непречено.

Од овие причини би сакале да Ви се заблагодариме за довербата и да Ви кажеме дека сме неизмерно горди на Вашиот труд и напредокот кој го покажавте во оваа учебна година, како во училница така и виртуелно.

Периодов можеби ќе донесе многу промени, но образованието секогаш ќе се приспособи и адаптира. Учењето странски јазици е благодат и тука не постојат пречки кои би можеле да го сопрат човечкиот порив да се надградува и вложува во себе.

Ви посакуваме убаво и безбедно лето! Се надеваме дека од септември онлајн алатките ќе ги замениме со креди, табли и клупи.

Дотогаш, чувајте се!

Со почит,

Филос