Зимски распуст

Почитувани ученици и родители,

Во Филос наставата ќе се одвива заклучно 30-ти декември, среда кој воедно ќе биде и последниот работен ден во оваа 2020-та година.Годинава ќе ја паметиме по многу нешта, посебно како најнеобична учебна година, но посебно би сакале да Ви се заблагодариме за поддршката и помошта во спроведувањето на онлајн наставата во нашето училиште.Се гледаме со нови сили на 20-ти јануари, среда кога ќе започнеме со вториот семестар. Во наредната година се надеваме дека и покрај далечинската настава ќе успееме да оствариме и настава со физичко присуство.

Ви благодариме за довербата и среќни празници!

Срдечно,Филос