Learn, practice and chill 😎📚

Уште една меѓународна средба, овој пат со ученици од Грузија. Учениците по англиски јазик во Филос ја имаа можноста да го вежбаат јазикот со група ученици од Грузија со цел спознавање на различни култури и ширење нови пријателства. [rl_gallery id=”1441″]

8 ми март

За меѓународниот ден посветен на нашите драги мајки, баби, тетки, наставнички и оваа година вештите рачиња на нашите ученици изработија прекрасни честитки со кои им го разубавија денот на своите најблиски. [rl_gallery id=”1322″]

Денот на љубовта

На 14 февруари го прославуваме денот на љубовта. Љубовта кон децата, родителите, бабите и дедовците, браќата, сестрите, другарчињата, роднините и пријателите. Нашите најмили ученици преку честитките кои ги изработија, уште еднаш им покажаа на најблиските колку им значат. [rl_gallery id=”1340″]

Back to school

Почитувани родители и ученици, Како што привршува зимскиот распуст така ни доаѓа и почетокот на второто учебно полугодие. Ние го искористивме овој одмор да се подготвиме за наставата што допрва нѐ очекува, а се надеваме дека и вие се одморивте доволно за успешно да ја завршиме и оваа необична учебна година. Сакаме да Ве известиме […]