GENTE JOVEN е програма за изучување на шпанскиот јазик, која се состои од учебник и работна тетратка, наменета за помладите слушатели. Со помош на оваа програма се изучува активно јазикот преку многубројните теми кои се застапени во учебникот и на тој начин се развива читањето, пишувањето, слушањето и зборувањето.
Оваа програма е поделена на четири нивоа:
GENTE JOVEN 1
GENTE JOVEN 2
GENTE JOVEN 3
GENTE JOVEN 4
Главните карактеристики на сите нивоа се:
– Изучување теми од секојдневниот живот
– Стимулативни вежби за читање и пишување
– Практично изучување на граматичкиот дел
– Употреба на самиот јазик
– На крајот од секое ниво има табеларен приказ на изучените граматички единици