Изјава за Политика за квалитет

Управителот и раководството на Друштвото „ФИЛОС“ преку политиката за квалитет јасно ја изразуваат определбата за постојан развој на полето на едукација на странски јазици и преводи. Политиката обезбедува рамка за воспоставување и преиспитување на целите за квалитет. Истата води сметка секогаш да бидат исполнети следните барањата:

  • Постојано следење и контрола на процесите и вработените со цел подобрување на истите и задоволување на барањата на клиентите
  • Утврдување на: контекстот на организацијата; барањата и очекувањата на заинтересираните страни; опсегот на делување и деловните ризици и можности
  • Ги исполнува барањата на ISO 9001:2015 стандардот
  • Избор на квалификувани, мотивирани и лојални вработени
  • Следење на резултатите на секој слушател поединечно
  • Стремење за надградба и продлабочување на соработка со партнерите
  • Грижа кон заедницата преку спонзорирање на лица и организации и организирање на хуманитарни настани.
  • Исполнување на релевантни законски и други барања
  • Обезбедување на услови за подготовка на ученици со цел полагање меѓународно признаени испити рангирани согласно Европската јазична рамка на Советот на Европа.

Скопје, 28.01.2019

„Филос“, Управител: Агата Поповиќ


ФИЛОС е формиран во 1995 год. како курс по англиски јазик. Во текот на своето постоење, школото за странски јазици ФИЛОС прерасна во институција со изградено реноме и континуиран растеж.

Денес ФИЛОС е едно од најквалитетни училишта за изучување странски јазици. Нашите курсеви годишно ги посетуваат многу слушатели од сите возрасти. Покрај курсевите кои се организираат на сите нивоа, нашата работа вклучува и подготовка за меѓународно признаени испити, издавање потврди за познавање на странски јазици и индивидуална интензивна настава.

Нашата цел е да обезбедиме професионален пристап и пријатна и позитивна атмосфера која ќе Ве поттикне да ја совладате уметноста на говорење, слушање, пишување и размислување на странски јазици.