Klasse!
Учебниците Klasse! (Klett) се современ курс по германски јазик кој се користи во многу европски училишта и е целосно усогласен со Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR).
Klasse! A1.1 и Klasse! A1.2 се изучуваат во текот на две нивоа, при што учениците се запознаваат со основниот вокабулар и граматичките структури и се оспособуваат за едноставна комуникација во секојдневни ситуации. Наставата постепено ги развива сите јазични вештини и води кон ниво A1.
Klasse! A2.1 и Klasse! A2.2 претставуваат продолжение на основните знаења, при што учениците го прошируваат вокабуларот и граматиката и стануваат посигурни во усната и писмената комуникација. Наставата се ориентира според CEFR и води кон ниво A2.
Главни карактеристики :
- јасна и прегледна структура на лекциите
- комуникативен и интерактивен пристап во наставата
- теми блиски до интересите на учениците
- постепено развивање на сите јазични вештини
- современи дидактички и дигитални материјали



