Menschen е учебник за возрасни и млади луѓе, кои го изучуваат германскиот јазик како странски јазик. Учебникот составен од три односно шест учебни поглавја ги предводи слушателите од А1 до Б1 ниво, со содржини концепирани според заедничката европска референцијална рамка.
Главни карактеристики на наставната содржина:
●Наставната содржина се состои од книга со три учебни поглавја или од книга со шест учебни поглавја.
– Книгата од три учебни поглавја се состои од 24 лекции, коишто се интегрирани во осум учебни целини од по три лекции.
– Книгата од шест учебни поглавја се состои од 12 лекции, коишто се интегрирани во четири учебни целини од по три лекции.
●Структура на учебната целина
–Секоја целина се состои од три лекции; дополнителни четири страни (Lesemagazin, Film-Stationen, Projekt Landeskunde und Ausklang) со кои се заокружува учебната целина и нудат повторување на изминатите лекции.
●Структура на лекциите
–Секоја лекција прегледно и сеопфатно е претставена на четири страни.
⁎Почетна страна (Einstiegseite)
⁎Двојна страна (Doppelseite) во којашто ce воведуваат како и граматичките структури така и новиот вокабулар.
⁎Завршна страна (Abschlusseite) со вежби и преглед на вокабуларот и најважните изрази во лекцијата.
Работна книга:
●Работната книга којашто е одвоена од учебникот изобилува со разновидни граматички вежби но и фонетски вежби коишто помагаат при совладување на изговорот. Посебен дел кој содржи преглед на вокабуларот од секоја лекција и дел кој е специјализиран со вежби кои би ве подготвиле за јазичните испити (А1-B1).
– Секоја работна книга содржи ЦД со сите текстови за слушање од работниот дел.