On Screen 3

On Screen 3 програмата претставува изучување на англискиот јазик за ученици од Б1 ниво според CEFR (заедничка европска референтна рамка за јазиците).

Оваа програма комбинира активно изучување на англискиот јазик преку разновидни и живописни теми коишто се прикажани во тематски единици. Секоја тематска единица е добро организирана и поделена на делови коишто овозможуваат развој на четирите основни вештини (читање, пишување, слушање и зборување). На крај на секоја тема има вежби и тестови за проверка на здобиеното знаење.

Главни карактеристики:

  • Соодветен пристап за развојот на сите четири јазични вештини
  • Поими и функции
  • Претставување на нов вокабулар и негова примена
  • Различни вежби поврзани со читање, слушање и зборување
  • Претставување на граматика
  • Активности коишто поттикнуваат критично размислување
  • Развивање на вештината за пишување преку примери
  • Вежби коишто бараат тимска работа и работа во парови
  • Делови коишто се фокусирани на изговор и интонација
  • Вештини за учење што ќе им помогнат на учениците да станат самостојни при самиот процес на изучување на јазикот
  • Употреба на самиот јазик (симулации) што ќе ги подготви учениците за негова примена во ситуации надвор од самата училница
  • Преглед на јазикот

On Screen 3

Одговорете на следните 15 прашања.