Prima е модерен учебник за тинејџери и млади кои го изучуваат германскиот јазик како странски јазик. Prima го нуди својот концепт за мотивирачка настава и им нуди на учениците активно и самостојно изучување на јазикот. Темите во учебникот се кратки и јасни и ги инспирираат учениците. Темите се конципирани на тој начин, да се блиски на возраста на слушателите и нивното секојдневие. Се ориентира според заедничката европска референцијална рамка и води до C1 нивото. Книгата е богато илустрирана и содржи актуелни и интересни текстови.
Главни карактеристики :
- Фокусирање на реални ситуации каде би се употребил јазикот
- Поттикнување на слободната комуникација
- Интегрирање на компетенциите: слушање, пишување, читање, зборување
- Вежби во кои слушателот активно учествува
- Пренесување на знаењата за културата на земјите од германско говорно подрачје.
[WpProQuiz 14]
[WpProQuiz 15]
[WpProQuiz 16]