Програмата за курсеви по албански јазик за возрасни се базира на Заедничката Eвропска Референтна Рамка за Јазици. Заеднички референтни нивоа се 6 (шест):
- НИВО А 1 (ПОЧЕТНО)
- НИВО А 2 (ПОЧЕТНО)
- НИВО B 1 (СРЕДНО)
- НИВО B 2 (СРЕДНО)
- НИВО С 1 (НАПРЕДНО)
- НИВО С 2 (НАПРЕДНО)
Нашата програма се базира на овие шест референтни нивоа, придржувајќи се строго кон филозофијата на учење странски јазик, која е поврзана со преминот од наједноставното до најкомплицираното, од конкретното до апстрактното, од најблиското до најдалечното, од основното правило до исклучоци, и така натаму. На овој начин, за ученикот кој следи часови по албански јазик, стекнувањето на граматичките правила на албанскиот јазик и нивната правилна употреба како во говорот така и во пишувањето, ќе се одвива постепено и на логичен начин.
Избраната тематика на горенаведените нивоа е со цел учениците да се стекнат со четири основни навики за учење на странски јазик: пишување, читање, зборување и толкување, а планирано е да се третира преку долунаведените наставни методи:
- Пасивна настава насочена кон обезбедување на готови знаења.
- Активно учење кое, покрај обезбедување на знаења, има за цел презентирање на јазичните проблеми, и нивно решавање во соработка со учениците.
- Интензивно активно учење, особено во функција на стекнување на вештини за комуникација, преку долги разговори, читање на литературни дела, весници, преведување на вести, работа со речник итн.
Лекциите од секое од горенаведените нивоа ги содржат следните рубрики:
- граматика
- изрази и начини на зборување
- текст во форма на дијалог
- прашања за текстот
- појаснување на нови зборови
Лексички вежби:
- читање-разбирање
- слушање-разбирање
- антоними, синоними, хомоними, итн.
- толкување на содржината на дијалозите
- граматички вежби
- диктат, состав, правописни правила
Дијалозите главно се однесуваат на говорниот јазик, но во некои случаи се обезбедуваат и примери од формалниот или службениот јазик. Со цел да се биде што е можно поблиску до психологијата на албанскиот говорник, во посебни случаи се дадени и кратки статии од областа на културата, кои ги запознаваат учениците со различни знаменитости, обичаи, фрази и идиоматични изрази на албанскиот јазик. Слушањето на дијалозите ќе им овозможи на учениците да ги совладаат звуците, ритамот и музикалноста на албанскиот јазик.