Uno, dos, tres … ¡ya!

Uno, dos, tres … ¡ya! е наменет за деца од 7 до 10 години, кои започуваат со изучување на шпанскиот јазик. Овие учебници се едноставни, децата се среќаваат со забавни ликови, со чија помош се стимулира учењето на забавен и природен начин. Методите кои што се користени од страна на авторите за изучување на шпанскиот јазик се во согласност со упатствата на Заедничката Европска Рамка за јазици.

При изучувањето опфатени се теми од секојдневниот живот на децата, со цел полесно да се допре до јазикот. Активностите се различни, со интерактивни игри, каде се опфаќаат различни области, креативност, комуникација, размислување.

Учебникот е поделен на две нивоа, во првото ниво учениците ја изучуваат азбуката, боите, броевите, итн, а во второто продолжуваат да се запознаваат со останатите теми, како храната, месеците, деновите и на тој начин оформуваат основен вокабулар, кој ќе служи како основа за понатамошното изучување на јазикот.