Германски

ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Во ФИЛОС германскиот јазик се изучува преку современи и меѓународно признати програми кои се усогласени со Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR).
Наставата е прилагодена според возраста и нивото на учениците, а програмите овозможуваат постепено и сигурно напредување во сите јазични вештини.

Програми по возраст и ниво

За најмлади ученици
Jana & Dino (1 и 2)

Jana & Dino (1 и 2)

Почетна програма за деца кои започнуваат со читање и пишување.
Преку игри, песни и приказни учениците го прават првиот чекор во изучувањето на германскиот јазик.

За ученици од основно образование
Klasse! (A1.1 – A2.2)

Klasse! (A1.1 – A2.2)

Програма која ги следи учебниците што учениците ги користат во редовната настава.
Во ФИЛОС учениците се подготвуваат за материјалот и стекнуваат сигурност во користењето на германскиот јазик.

За тинејџери
Deutsch.com

Deutsch.com

Современ курс кој обработува теми блиски до светот на младите – училиште, пријатели, хобија и интернет.
Наставата е интерактивна и насочена кон развивање на комуникацијата.

За возрасни ученици
Menschen

Menschen

Еден од најпознатите современи курсеви по германски јазик кој ги развива сите јазични вештини преку реални ситуации од секојдневниот живот.

Напредни нивоа
Sicher!

Sicher!

Курс за ученици кои сакаат да достигнат повисоко ниво на германскиот јазик и да се подготват за академска или професионална употреба.