Back to school

Почитувани родители и ученици,

Како што привршува зимскиот распуст така ни доаѓа и почетокот на второто учебно полугодие.

Ние го искористивме овој одмор да се подготвиме за наставата што допрва нѐ очекува, а се надеваме дека и вие се одморивте доволно за успешно да ја завршиме и оваа необична учебна година. Сакаме да Ве известиме дека наставата во Филос ќе почне на 20-ти јануари, среда, кога и воедно ни почнуваат дежурствата, секоја среда од 18 до 19 часот. За дополнителни информации достапни сме Ви во кое било време.

Ви посакуваме безбеден и убав остаток од распустот и наскоро се гледаме.

Срдечно,Филос