La Pandilla

La Pandilla е курс за изучување на шпанскиот јазик во две нивоа и е наменет за деца од 8 години па нагоре. Структуриран е во 6 теми кои опфаќаат области што предизвикуваат интерес кај најмладите ученици.

La Pandilla 1

Секоја тема се состои од 4 лекции, по што следува дел за повторување. Содржините на лекциите се поврзани и секоја лекција опфаќа две страни. Во секоја тема има една или две песни и една или повеќе игри. Делот за повторување на четирите лекции се состои од следново:

  • „Се подига завесата“ – комедија каде што главниот лик е глувчето Перез;
  • „Моите документи“ – резиме на обработениот материјал.

La Pandilla 2

Секоја тема се состои од 3 лекции, по што следува дел за повторување. Содржините на лекциите се поврзани и секоја лекција опфаќа две страни. Делот за повторување после секоја лекција се состои од следново:

  • „Прошетка низ …“ – Прикажани се различни места во Мадрид, како и активности поврзани со други градови низ светот;
  • „И сега … нашиот проект“ – Домашна задача со која се приложува во практика обработениот материјал од лекцијата;
  • „Ќоше за читање“ – стрип во повеќе епизоди;
  • „Моите документи“ – резиме на обработениот материјал.

La Pandilla 1

Одговорете на следните 15 прашања.