VAMOS!!

Ова е првото од трите нивоа од мултимедијалниот курс за изучување на Шпанскиот јазик. Наменет е за адолесценти а исто така и за возрасни кои на лесен и интересен начин ќе можат да го усвојат шпанскиот јазик. Секое ниво од книгата Vamos содржи учебник, работна тетратка како и ЦД кое помага во изучувањето на Шпанскиот јазик.

Книгата е поделена на 12 наставни единици од кои 3 се посветени на повторување преку вежби и игри како и генерална рекапитулација на веќе изучениот материјал.

Секоја наставна единица има свој посебен дел за вежби, вклучувајќи вежби за разбирање, вокабулар, граматички вежби, вежби за слушање и зборување. Исто така ЦД-то овозможува самостојна работа при некои активности.

Овој курс е доста добро структуриран и поделен на наставни единици со фокус на Шпанската и на Латиноамериканската култура и јазик.

Vamos 1

Одговорете на следните 15 прашања.