Aula

AULA е комплетен курс за изучување на шпанскиот јазик во четири нивоа и е наменет за млади и возрасни. Секое ниво содржи учебник и работна тетратка. Целосната програма на граматичката и лингвистичка содржина гарантира напредок во сите 4 вештини (читање, пишување, слушање и зборување) според заедничката европска референтна рамка за јазици. Учениците се здобиваат со способност да реагираат во секоја говорна ситуација, како и со знаења од Шпанската и Латиноамериканската цивилизација и култура.

Aula 1 е наменет за ученици кои за прв пат се среќаваат со шпанскиот јазик и соодветствува на А1 нивото според европската рамка за јазици.

Aula 2 е наменет за ученици кои имаат основни познавања од шпанскиот јазик и соодветствува на нивото A2.

Aula 3 е наменет за ученици кои веќе имаат добри познавања од шпанскиот јазик, но сè уште имаат потреба да го прошират лексичкиот фонд и владеењето на некои покомплексни граматички конструкции и употреби. Учебникот соодветствува на нивото Б1.

Aula 4 и 5 се наменети за ученици со повисоко познавање на шпанскиот јазик и употреба на комплексни граматички конструкции и соодвестуваат на нивото Б2.1 и Б2.2

Главни карактеристики:

  • Секој учебник се состои од различен број на лекции во зависност од нивото кое се изучува
  • Лексичките и граматички содржини се обработуваат заедно, а подоцна се вежбаат преку најразлични вежби и на тој начин се развиваат четирите вештини. Сите учебници се надополнети со делови за слушање и пишување
  • Секој дел завршува со граматичко резиме, каде што се повторува накратко обработениот материјал

Aula 1

Одговорете на следните 15 прашања.

Aula 2

Одговорете на следните 15 прашања.

Aula 3

Одговорете на следните 15 прашања.