Jana und Dino 2

Наменета на овој учебник е изучување на германскиот јазик како странски јазик за деца кои почнуваат со читање и пишување. Активностите кои се во склоп на програмата се наменети да ја разбудат љубопитноста кај младите слушатели преку интерактивна настава, игри, песни и многу други проекти.

Двајцата протагонисти на учебникот Јана и Дино ги водат младите слушатели преку интересни приказни со мали чекори кон првото читање и пишување.

Јана е љубопитно девојче кое се среќава со диносаурусот Дино и заедно го запознаваат светот кој ги опкружува. Преку Јана и Дино учениците изучуваат поими поврзани со возраста и интересите: игри, животни, училиштен прибор, облека, броеви итн. Тие се поистоветуваат со ликовите и се врзуваат емоционално, а преку тоа полесно имитираат и учат нови работи.

Главни карактеристики :

  • Јазичните вештини се усовршуваат преку аудио текстови,песнички како и анимирани видеа со приказните за Јана и Дино.
  • Безбројни разновидни задачи поврзани со приказните на Јана и Дино ги водат децата кон игра, зборување, пеење и пишување.
  • Учебникот се состои од осум поглавја во кои учениците постапно се запознаваат со германските гласови и букви и ги читаат првите зборови.
  • Секое поглавје во работната тетратка содржи вежби за читање на слогови, препознавање на букви како и пишување на истите.
  • Преку игри, песни и куси сцени децата оформуваат едноставен фонд на зборови со кои формираат кратки реченици за употреба во разни ситуации.