Happy Trails

Happy Trails 1 е книга која претставува совршен вовед за децата од трето и четврто одделение кои за првпат почнуваат со изучување на англискиот јазик.

Учениците ги следат авантурите на многуте животни преку кои го изучуваат англискиот јазик и, ги доживуваат нивните искуства, патувања низ светот и разните култури.

Со внимателно одбрана граматика и вокабулар, учениците со Happy Trails 1 ја изучуваат основата на англискиот јазик, над која подоцна го надоградуваат своето знаење. Нивната настава во Happy Trails 1 е проследена со прекрасни фотографии и материјал од National Geographic кој им го доведува светот во училницата.

Главни карактеристики:

  • Четири мини приказни преку кои учениците ги изучуваат животните додека патуваат низ светот.
  • Кратки National Geographic раскази исполнети со слики кои го доближуваат светот на природата на децата.
  • Илустрации преку кои учењето на вокабуларот и граматиката стануваат забавни и лесни!
  • Песни, прослави, игри и проекти кои ја прават наставата забавна.