Aula!!

Aula

AULA е комплетен курс за изучување на шпанскиот јазик во четири нивоа и е наменет за млади и возрасни. Секое ниво содржи учебник и работна тетратка. Целосната програма на граматичката и лингвистичка содржина гарантира напредок во сите 4 вештини (читање, пишување, слушање и зборување) според заедничката европска референтна рамка за јазици. Учениците се здобиваат со способност да реагираат во секоја говорна ситуација, како и со знаења од Шпанската и Латиноамериканската цивилизација и култура.

Aula 1 е наменет за ученици кои за прв пат се среќаваат со шпанскиот јазик и соодветствува на А1 нивото според европската рамка за јазици.

Aula 2 е наменет за ученици кои имаат основни познавања од шпанскиот јазик и соодветствува на нивото A2.

Aula 3 е наменет за ученици кои веќе имаат добри познавања од шпанскиот јазик, но сè уште имаат потреба да го прошират лексичкиот фонд и владеењето на некои покомплексни граматички конструкции и употреби. Учебникот соодветствува на нивото Б1.

Aula 4 и 5 се наменети за ученици со повисоко познавање на шпанскиот јазик и употреба на комплексни граматички конструкции и соодвестуваат на нивото Б2.1 и Б2.2

Главни карактеристики: