Motivate 1 е учебник наменет за деца од петто одделение кои за првпат се запишуваат на курс англиски.
Оваа книга како што е насловено во самиот наслов ги охрабрува учениците да се запознаат со англискиот јазик како и да го доживеат културниот свет преку кој овој јазик се изучува.
Motivate 1 се фокусира на вежбање четирите вештини: граматика, вокабулар, изговор и пишување.
Секоја тематска единица завршува со дел кој е наменет за проверка на знаењето и подготовки за понатамошно тестирање.
Главни карактеристики:
- Систематско учење кое им овозможува на учениците постепено совладување на јазикот и полесен премин во наредната тема.
- Културолошки дел во кој преку разни текстови учениците го доживуваат културниот аспект од животот на говорителите на англискиот јазик.
- Изучување на програмата со аудио CD и работна тетратка.
- Учебник богат со текстови преку кои се нагласува изучувањето на граматиката и вокабуларот.